ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против обединувачкиот Манифест, а е за тиранската платформа

Само народот на Република Македонија може да одлучува во каква земја сака да живее. Само народот може да одлучува дали сака суверена и унитарна Македонија која се гордее со мултиетничноста или федерализирана, бинационална држава. Ваквата одлука народот ја носи на избори, а не со подметнати постизборни платформи изготвени и потпишани во туѓи држави, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„На Република Македонија неопходно ѝ е обединување околу највисоките национални и државни интереси. Тоа го нуди Манифестот за единствена Република Македонија, кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ во интерес на државата... СДСМ молчи околу Манифестот кој обединува и сплотува, а прифати да ја реализира тиранската платформа која разединува. Дали на СДСМ му пречат принципите за владеење на правото? Бидејќи наместо владење на правото и правната држава сакаат заробена држава под плаштот на СДСМ и нивните роднинско кумовски врски во правосудниот систем по примерите Медарски, Бубевски и СЈО. Дали можеби СДСМ е против спроведување на попис на население? Дали со тоа намерно се остава отворена врата на политичарите од соседството да лицитираат со бројки и да се поткусуруваат со Република Македонија. СДСМ е против овој обединувачки Манифест, а е за тиранската платформа која пропагира бинационалност, двојазичности и конфедерализам. Со прифаќањето на Манифестот, Република Македонија ќе покаже дека е земја со исправена кичма и високо изградена национална свест и чувство на грижа за сите нејзини граѓани. СДСМ е против сплотеност и взаемен просперитет на Република Македонија и сите нејзини граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе