ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се откаже од платформата и да го повлече претседателот на Собрание

Криминалецот Заев со својата антидржавна политика ги разгорува иредентистичките и шовинистичките страсти во регионот и затоа не смее да осуди ниту една негаторска изјава која доаѓа од Зијадин Села, Билал Касами, Еди Рама и ред други. Последен во низата е Бујар Османи кој јавно пред народот изјави дека не ја признава македонската химна. Бујар Османи кажа: „Не ја признаваме како наша химната на Македонија затоа што не ја рефлектира албанската заедница“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминогениот СДС и ова го премолчи.  СДС да ја сакаше Македонија, немаше да ја прифати тиранската платформа со која се поткопува нејзиниот суверенитет. СДС да го почитуваше македонскиот народ немаше да дозволи нелегално да се избере претседател на Собрание. Зоран Заев барем малку да имаше почит кон граѓаните немаше Македонија да ја втурне во подлабока политичка криза. Со своето молчење СДС продолжува да работи спротивно од волјата на граѓаните на Република Македонија. За СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев, македонското знаме, македонската химна и името немаат никакво значење. Затоа граѓаните бараат СДС да ја отфрли тиранската платформа и да го повлече претседателот на Собрание кој беше избран спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија. Време е СДС да го слушне гласот на народот. Време е СДС да запре со теророт што го врши врз македонските граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе