ВМРО-ДПМНЕ: СДС во опозиција бараше укинување на аукциите, сега издава хартии од вредност

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во две недели откако е избран издаде државни хартии од вредност од 13,7 милиони евра, или како што велеше неговиот сопартиец Наумов, ја задолжи државата за 13,7 милиони евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

„Ако до пред две недели издавањето на државни хартии од вредност беше прикажувано како најголемо зло за државата и за македонскиот народ, денес тоа за СДС и нивните медиуми е најнормална активност. Ако порано медиумите, кои беа најголеми критичари на аукциите, вадеа ударни наслови дека државата се задолжила за толку и толку, денес истите ревносно истакнуваат дека со средствата ќе се исплатат аукции кои доспеваат следниот ден, факт кој редовно беше занемаруван и прескокнуван во време кога министер за финансии беше од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Лилјана Кузмановска.

Таа порача дека, како што рече, „тоа е вистинското лице на СДС. Едно зборуваат, друго прават. Едни политики промовираат кога се во опозиција, а сосем поинакви кога се на власт“.

„СДС во опозиција им се закануваше на инвеститорите, на банките, дека ако купат државни хартии нема да им ги признаат кога ќе дојдат на власт. Сега на истите тие банки, нивниот министер за финансии, односно од СДС, им нуди државни хартии од вредност.

СДС во опозиција ја советуваше Владата на ВМРО-ДПМНЕ да ги укине аукциите на државни хартии од вредност и да престане да ги употребува како инструмент за финансирање на буџетот. СДС од позиција на власт се однесува сосема поинаку од тоа што го ветуваше пред изборите“, додаде Кузмановска.

Објавено на

20 Јуни 2017 - 17:30

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе