ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев ја претвораат државата во партиска алатка

Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизација на институциите и државниот апарат додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата, соопшти утринава ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и другите челници на СДС додека беа опозиција го проблематизираа фактот што Гордана Јанкулоска беше и министер и партиски функционер. Оливер Спасовски наместо да се повлече од партиските функции и да ја одвои партијата од МВР, како што СДС ветуваше пред избори, сега е унапреден во потпретседател на СДС“, се вели во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека целта на назначувањето на Спасовски е да ги реализира, како што велат, нарачаните партиски чистки во МВР и „да ги елиминира сите професионалци кои во изминатиов период работеа на случаите против криминалците и наркодилерите блиски до Заев“.

„Граѓаните јасно гледаат дека преклопувањето на партијата со МВР е дел од стратегијата на СДС да ги стави под своја капа органите на прогонот и правосудниот систем. Оваа стратегија започна со заканите кон судиите за генерален реизбор, а продолжи со иницијативата на Заев за смена на Републичкиот јавен обвинител кој го гони за случајот Поткуп“, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ, како што наведува, ги повикува професионалците во МВР, обвинителството и судот да не потклекнуваат на политичките притисоци од страна на СДМ. 

Објавено на

20 Јуни 2017 - 11:27

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе