РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Рекламите на Си-ен-ен и на Би-би-си ја промовираа Македонија

Владата предводена од СДС не е реформска, туку антиреформска. Единствените проекти на Владата на СДС се укинувањата, блокирањата и најавите за уривање. Владата на СДС го прекина и емитувањето на владини реклами на еминентните светски телевизии Си-ен-ен и Би-би-си, кои донесоа голем бенефит за државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Владиното рекламирање во овие реномирани медиумски куќи позитивно ја презентираше Република Македонија и ги запозна мегународните инвеститори со бизнис можностите кои ги нуди Република Македонија. Владиното рекламирање во овие еминетни медиуми го зголеми и бројот на странски туристи во Република Македонија, па така од некогашните 442.845 ноќевања во 2006 година, во 2015 бројката на странски туристи кои оствариле ноќевање во Републука Македонија изнесува 1.036.383.

Емитувањето на Владините реклами и промоцијата на Република Македонија одеше под уставното име на државата, промовирајќи ги највисоките национални интереси. Со укинувањето на рекламите, СДС го тргнува и промовирањето на името Македонија од светските медиуми во позитивен контекст“, се вели во партиското соопштение.

Објавено на

22 Јуни 2017 - 17:22

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе