ВМРО - ДПМНЕ: Работни места само за децата на функционерите, се вработија ќерката на Џафери и синот на Грчев

Непотизмот и корупцијата станаа заштитен симбол на криминалниот картел на власт. Со секој изминат ден се потврдува дека на Заев и врхушката околу него не им е целта подобрување на животот на граѓаните, туку безмилосно богатење. Станува јасно зошто се менуваат закони со кои се ослободуваат од давачки само фирмите на вицепремиерот Кочо Анѓушев или на истите им се даваат милионски тендери. Вицепремиерот доаѓа на функција со долгови од 26 милиони евра кои мора да ги враќа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Со секој изминат ден станува јасно како Заев вози мотори вредни десетици илјади евра кои ги нема никаде во имотниот лист. Не е проблем фирмите на Заеви да купуваат екстра луксузни мотори кога власта им овозможува да купуваат имоти и компании по багателни цени. Станува јасно зошто ги нема колоните на млади кои брзаат да се вратат во Македонија. Работните места во земјава се резервирани за децата на функционерите од владината коалиција. Според СДСМ нема подобар кадар за во ЕЛЕМ од ќерката пратеникот, Талат Џафери и советникот во министерството за култура, Мирослав Грчев.

Корупцијата е единствената која расте, додека економијата стагнира. Новите инвеститори бегаат и ја заобиколуваат Македонија која потона на дното на најкорумпирани земји на листата на меѓународната Транспаренси. Оваа влада направи измени и прилагоди сѐ во насока на криминално дејствување, елиминирајќи ги контролните механизми за таквите постапки. Една од „реформите“ е укинувањето на советот за јавни набавки, за да се штимаат тендери по желба на власта. Односот на СДСМ кон институциите и бизнис секторот во Република Македонија, е како во најзаостанатите земји во светот. Патот по кој влада СДСМ ја води државата не води кон подобрување на стандардот и побогата држава.

Не помина ниту една година, а СДСМ успеа државата да ја клекнат на колена, уништија се што допреа. Правдата во Република Македонија мора да се врати. Затоа СДСМ треба да замине во опозиција каде што и е местото“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе