ВМРО-ДПМНЕ: Процесот на десоросоизација почнува

СДСМ и Сорос се гробарите на невладиниот сектор во Република Македонија. СДСМ и Сорос системски ја уништуваат демократијата преку атак врз секоја мисла која е различна од диктатите на Бихаќка и идеите на Џорџ Сорос во изминативе 25 години, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Сорос системски ги корумпираат новинарите и медиумите, уништувајќи ја конструктивната критика, паралелно блокирајќи ги и процесите за расчистување со црното минато. Најголемото достигнување на СДСМ и Сорос е деструктивната платеничка револуција. Најголемиот успех е насилството врз полицијата и демолирањето на државните институции. Најголем дострел им се десетиците повредени полицајци и уништените културни споменици. Императив на СДСМ и Сорос е сузбивањето на критичката мисла во Република Македонија. СДСМ и Сорос се срам и елементарна непогода за Република Македонија.

На 11-ти декември народот јасно, одважно и прецизно и кажа „не“ на целата деструкција во режија на аболицираниот криминалец Зоран Заев  и соросовите инсталации во Македонија. Народот одлучи: процесот на десоросоизација почнува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе