ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите горат, а владата на СДСМ не покажува грам грижа за граѓаните

Пожарите секојдневно уништуваат илјадници хектари шума, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство размислува со кој фактор на крема за сонце да се намачка за да не изгори. Огнената стихија уништува домови и имоти, се заканува на манастири, а надлежниот министер на СДС од плажа, на лежалка конзумира коктели и пишува постови на социјалните мрежи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Неспособната и неодговорноста на владата на СДС граѓаните ја гледаат секојдневно во незнаењето и немањето капацитет навремено да се справи со пожарите кои прераснаа во вистинска еколошка катастрофа и уништија илјадници хектари шума, а десетина куќи беа изгорени и беше загубен еден човечки живот. Хаосот што го предизвикува СДС достигнува неочекувани размери. Неодговорниот Заев и неговите партиски послушници не можат да локализираат еден пожар. Неспособниот Заев и СДС не може ни да ги откријат виновниците за подметнувањето на овие пожари. Апелираме до СДС и Заев да се вразумат и конечно да почнат да ги решаваат проблемите на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе