ВМРО-ДПМНЕ: Политички прогон за неистомислениците, ослободување на прекршителите на законите, како Павле Богоевски

Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски и останатите притворени патриоти не се терористи! Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и полициските службеници не се терористи! Да си ја сакаш сопствената татковина не е тероризам! Да имаш поинакво мислење и гласно да го кажеш тоа не е тероризам, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

За оваа партија, притворите за патриотите сe доказ дека Македонија е единствената држава аспирант за ЕУ во која се конструираат политички обвиненија базирани на измислици и политички нарачки.

„Обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок е апсурдно. Уметниците, пратениците и полициските службеници претходно не сториле ниту прекршок. Единствено по кое што јавноста ги знае е нивната битка за Македонија која се труделе секаде да ја претстават во најдобро светло.

Отткако СДСМ е на власт постои само селективна правда. Политички прогон за неистомислениците, а масовно ослободување на прекршителите на законите кои се блиски или корисни за власта. Најдобар пример за тоа е активистот на таканаречената Шарена револуција, пратеникот Павле Богоевски.

Срамна, правно неоснована и политичка е одлуката на Апелацискиот суд за продолжување на притворите на Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и останатите неправедно обвинети.

Република Македонија е во тотален мрак. Владеењето на правото и правната држава се на колена! Судот прави правен преседан. Судот не дели правда врз основа на факти и аргументи, туку испорачува политички одлуки.  Судиите станаа партиски послушници и војници на власта.

Слободата, правната држава и владеењето на правото претставуваат елементарни предуслови за нормално функционирање на денешните современи општества. Во Република Македонија тоа не е пример. Судот наместо да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократија, стана директен соучесник, спроведувајќи партиски одлуки на СДСМ.

Правосудните органи треба да знаат дека мерката притвор е мерка за обезбедување на присуство, а не мерка која треба да се користи за изживување врз политичките неистомисленици.

Политичкиот реваншизам и малтретирање на луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре. Бруталното замолкнување и заплашување на сите кои не се согласуваат со антидржавните политики на актуелната власт ќе има контраефект и ќе го зголеми револтот. Законите морат да важат подеднакво за сите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе