ВМРО-ДПМНЕ: Оставивме 180 милиони евра во државната каса

СДСМ денеска призна уште една своја голема лага со која ги манипулираше и плашеше граѓаните дека во буџетот на Република Македонија немало пари и дека Македонија е пред економски колапс, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во буџетот има средства кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги остави. Се работи за сума од 180 милиони евра, од кои околу 50 ќе одат за исплата на земјоделски субвенции. За споредба, владата на СДС во 2006-та година во буџетот остави само 3 милиони евра, но и десетици извршни решенија од изгубени судски рочишта со што ја блокираше тогаш новата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Денес на своите фејсбук профили гордо со исплатените субвенции за земјоделците, пензиите и стипендиите на студентите се пофалија членови на владата и парламентарната група на СДС. Сите овие проекти ВМРО-ДПМНЕ ги третираше како проекти и реформи од највисок интерес. Земјоделски субвенции во време на СДС немаше воопшто, а во изминатите 10 години на земјоделците им се исплатени повеќе од 1 милијарда евра. Подигнати се значително и пензиите и стипендиите за студентите.

Проектите и реформите што ги реализираше владата на ВМРО ДПМНЕ се од полза на сите граѓани и заради тоа најголем дел од нив и во декември гласаа за програмата „Реално“. Со постизборна измама СДС успеа да обезбеди мнозинска поддршка, така што граѓаните сега од нив очекуваат не само да се фалат со проектите отпочнати и реализирани од ВМРО ДПМНЕ, туку да ги остварат ветувањата за изградба на нови 500 километри автопат, просечна плата во висина од 30 илјади денари, 16 илјади денари минимална плата и 100 илјади денари плата за докторите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе