ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Апелацискиот суд за продолжување на притворите е скандалозна

Судот со денешната одлука влезе во сценариото на поддршка на катастрофалните политики кои водат во натамошно продлабочување на кризата и конфликтите во земјата, а отфрлањето на жалбите на одбраната и решението патриотите да останат во притвор е целосно правно неиздржано, реагира ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Апелацискиот суд.

„Притворените патриоти не се терористи. Уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите притворени во врска со настаните од 27 април не сториле никаков терористички акт, немале намера да се сокријат од правдата, ниту пак влијаеле или имале намера да влијаат врз истрагата. Оперските пејачи, глумците, режисерите, архитектите, докторите и останатите се жртви на политички прогон само заради тоа што имаа храброст гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните политики на власта.

Судот денес беше соучесник во уништувањето на правната држава. Судиите не собраа сили да се кренат над притисокот и политичките конструкции.

Одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на лицата од настаните од 27 април е скандалозна и не се темели на факти и докази, туку на гола политичка конструкција“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, правосудството во Македонија останува срам за Европа и целиот демократски свет, а институциите, како што велат оттаму, паднале на тестот за владеење на правото. 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе