РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме за тоа претседателот да нема право на помилување за изборни манипулации

Ние остануваме на ставот дека секој што сторил каков било криминал треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според соопштението, ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега е за тоа претседателот да нема право на помилување за одредени категории осуденици, како оние на кои им е одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија...

„СДСМ во 2009 година кога се гласаа измените во Законот за помилување беше строго против измените со образложение дека истите биле спротивни на Уставот. СДСМ тогаш дури и ја напушти седницата во знак на револт и противење на измените на законот кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти оваа партија.

„СДСМ продолжува во својот препознатлив стил и шема на манипулирање да се обидува да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуките на Уставен суд. Јавноста неодамна преку медиумите дозна дека СЈО без основа го побарало и предметот за педофилија кој се води против членови на семејството на Зоран Верушевски, осомничен во предметот „Пуч“ и близок соработник на Зоран Заев.

Затоа ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука. Соросовите невладини кои организираат протести пред Уставниот суд како и обично се таму за да го одбранат интересот на СДСМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе