РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо луксузно во ентериерот во Владата

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека СДСМ место да се зафати со работа, се занимава со креирање на лажни вести и ја манипулира јавноста и додаваат дека оградата поставена околу Владата била поставена заради безбедносно-терористичка заштита, а во внатрешноста на објектот, како што велат од партијата, немало ништо луксузно. 

“СДС деновиве откако ја презедоа власта, во недостиг на идеи што да направи, решија да лиферуваат лажни вести за ВМРО-ДПМНЕ и наводното луксузирање. Најпрвo започнаа со тоа дека ентериерот и реконструкцијата на владата била премногу луксузна. Оваа реконструкција е извршена пред повеќе од 2 години. Во овие 2 години двајцата технички министри и 3-ца технички заменици министри на СДС кои беа со право на вето, но и новинарите на СДС/Сорос безброј пати беа во истите простории. Освен дека се репрезентативно реновирани, не видовме и не чувме ниту еден друг коментар. Зградата на владата на Република Македонија е реновирана прв пат откако е изградена. Целиот нејзин ентериер е репрезентативен како за објект од таков ранк и нема ништо луксузно. За да ја покрие својата безидејност и неработење уште во првите денови од власта, СДС пушти делумно лажни и делумно вистинити фотографии од објектот на владата и ентериерното уредување. Манипулативни и лажни беа сликите кои се појавија во дел од медиумите дека во објектот имало позлатени чешми, тоалети. Објавуваа и слики од елитни хотели низ светот преставени како дел од ентериерот во владата. Целото реновирање на објектот на владата беше спроведено по објавен јавен повик, јавен тендер и електронска аукција, при што е одобрена најниската понуда. СДС/Сорос преку фејк њус или лажни вести се обидува да ја излаже јавностa. СЈО е изгубено во просторот. Најголемата глупост која ја слушнавме во првите 5 дена од власта на СДС е дека со рушењето на оградата на владата, тие ќе биле поотчетни и отворени кон граѓаните. Оградата на владата е ставена заради безбедносно-терористичка заштита. Прашање е зошто штабот на СДС е забарикадиран со еден куп рампи и огради, додека седиштето на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една ограда или рампа, дали тоа значи ВМРО-ДПМНЕ е потранспарентна од СДС”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партијата додаваат дека СДСМ гради црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се прикрие безидејноста и да ја дефокусира јавноста од ветувања кои ги даваа пред изборите.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе