Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите на Бошњаковски се неточни, целта е да се манипулираат граѓаните

Паѓаат во вода и последните очајни обиди на СДС со лаги и манипулации да се обиде да добие поен плус кај гласачите. Сѐ што е направено е преземено согласно закон, за што е донесена и одлука на влада, и има позитивно мислење од законодството на владата на Република Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на владиниот портпарол, Миле Бошњаковски. 

„Наводите изнесени од страна на Бошњаковски се целосно неточни и претставуваат крајно тенденциозен обид во очи на изборите да се манипулираат граѓаните. Тоа е очаен потег на очајни луѓе.

Според логиката на СДС, на Роберт Поповски, Цацко, Марјан Забрчанец, Зоран Бојаровски, Бојан Мричиќ, Петри Сарачини и Дарко Лешоски можат да му бидат советници и истите да бидат плаќани илјадници евра од парите на граѓаните, а Груевски не смее да има тројца советници кои донесоа нови 10.000 работни места. Додека скапо платената плејада на демаскирани граѓански активисти на Заев од државниот буџет цедат илјадници евра, без притоа државата да има реален бенефит од тоа. Ни самиот Бошњаковски не верува во тоа што го зборува и по изразот на лицето му се познава дека сѐ што зборува го зборува под невиден притисок и диктат“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе