ВМРО-ДПМНЕ: Нарачките до СЈО нема да му помогнат на Заев

Никакви СЈО нарачки нема да му помогнат на Зоран Заев и СДС да ги дефокусираат граѓаните од реалноста во која тие очекуваат од СДС да почнат да работат и да ги реализираат ветувањата кои им ги дадоа, соопшти утринава ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев нема да може вечно да ја прикрива неработењето и неспособноста преку црни кампањи против ВМРО-ДПМНЕ кои ќе му ги води Катица Јанева. Ќе дојде моментот кога Заев ќе биде прашан каде се ветените проекти и мерки. Од голиот популизам, укинувањата, блокирањата и најавите за уривање не се подобрува стандардот.

СДС во текот на изборниот период ветуваше дека ќе го слуша гласот на граѓаните и нивните потреби ќе бидат пред се. СДС сега доби шанса да го стори тоа со граѓанскиот предлог за зголемување на периодот на породилно отсуство за мајките од 9 на 18 месеци. СДС ги изневери очекувањата и ветувањата дека ќе се посвети на граѓанските иницијативи“, се вели во партиското соопштение.

Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ има слух за граѓаните и нивните потреби и ја поддржа иницијативата, а во СДСМ не постоела свест за квалитетни проекти кои го подобруваат животот на граѓаните, па рушеле и укинувале се. Според ВМРО-ДПМНЕ, укинувањето на Кембриџ програмата ќе биде една од најголемите грешки на СДСМ.

„Граѓаните наместо криење зад флоскулата „цели кон кои се стремиме“ од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари, а просечна плата од 30.000 денари, а лекарите очекуваат плати од 100.000 денари која СДС им ја вети. Граѓаните ги очекуваат и новите 500 километри автопат, како и 30.000 денари годишно од поврат на ДДВ кое СДС го презентираше како носечки проект во изборната кампања“, се наведува во соопштението.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе