ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да донесе решение за зголемување на пензиите, СДСМ одлучи да го разреши Зврлевски

Уште првите денови граѓаните видоа колку вреди зборот на СДСМ и нивниот претседател Зоран Заев. Уште првите денови граѓаните на Република Македонија ја гледаат разликата, а истата ќе ја види и СДСМ на првите наредни избори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС наместо да започне да работи на реализирање на ветувањата што ги даде на граѓаните, тие во полна пареа работат на креирање на лажни вести со цел граѓаните да заборават на ветените зборови дадени од СДС. СДС наместо да започне да работи на стратегија како да привлече странски инвестиции тие работат на стратегија како да се оцрни раководството на ВМРО-ДПМНЕ. СДС на своите први седници наместо да се погрижи за обезбедување на подобри услови на граѓаните преку носење одлука на покачување на плати и пензии како што ветија, СДС сепак одлучи да донесе одлука за разрешување на републичкиот јавен обвинител. Додека граѓаните на Република Македонија од новата влада предводена од СДС очекува да ги исполни ветувањата за минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а на лекарите плата од 100.000 денари, тие гледаат како да се спасат од сторените криминали. Граѓаните очекуваат изградба на нови 500 километри автопат, а не лаги дека изградбата на постојните била закочена. Граѓаните од Заев не очекуваат лаги и манипулации, туку исполнување на ветеното членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО без да се задира во идентитетските прашања“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе