По синоќешната седница на ЦК

ВМРО-ДПМНЕ: На 2 јуни пред Владата голем народен митинг, Мицкоски го вика Заев на ТВ дуел

На 2 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи голем народен митиг. Митингот ќе се одржи една година по освојувањето на власта од СДСМ која ја урна економијата во земјата, власт која не ги исполнува ветувањата, нема реформи во образованието, во здравството, во социјалата, туку имаме само празни политички памфлети, велат од ВМРО-ДПМНЕ по синоќешната седница на Централниот комитет.

„На 2 јуни ќе почне поразот на оваа власт со еден огромен народен протест. Тука ќеппочне битката за пораз на оваа ненародна влада која што ѝ се случува на нашата татковина“, изјави Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето за можна средба со премиерот Зоран Заев за текот на преговорите за името, Мицкоски вели дека за ова прашање потребна е лидерска средба, а не средба само со ВМРО-ДПМНЕ.

„За едно вака сериозно прашање логично е да се отвори фронт на консултација со што е можно поголем број на целни групи. Една таква целна група е и ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија, но и сите политички партии што се парламентарни, бидејќи е логично е дека тие партии ќе одлучуваат понатаму за некаков евентуален, хипотетички договор помеѓу Република Македонија и нашиот јужен сосед. Цениме и сигурни сме дека лидерска средба во присуство на претседателот на државата ќе биде од огромно значење и можеше да биде и поддршка во целокупниот овој процес за надминување на проблемите околу нашето уставно име што го има нашиот јужен сосед, и ценам дека одбивањето е чин на голема неодговорност и непочит кон македонскиот народ. Прашањето се банализираше на прашање дали има претседателот на влада и Заев време да ме прими мене на средба или нема. Како човек како претседател на најголемата опозициска партија и најорганизираната политичка сила во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја искористам оваа прилика еве и да му одговорам на претседателот на Владата на неговата покана - го повикувам Заев да се соочиме на телевизија, да дискутираме за преговорите, но и за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики“, вели Мицкоски.

 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе