РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: „Млад зејоделец“ е наш проект, лажни ветувања на СДСМ

СДСM и Стефан Богоев да престанат со празни зборови и лажни ветувања да манипулираат со младите. Младите сѐ што видоа до сега во овие два ипол месеци од Владата предводена од СДСМ се укинувања, деструкции, блокади и кратења на мерки и поволности од кои директно имаа корист само младите, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Богоев.

„Од политиките на СДС досега единствено корист имаат само нивните членови, членовите на невладините поврзани со СДС, твитерџии и активисти кои учествуваа во Шарената Револуција. Ниту еден млад човек кој не е поврзан со споменатите нема видено никаква корист и никаква поволност од политиките на СДС. 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше таа која беше критикувана од страна на СДС за нејзината помош кон земјоделците и прва која започна со проектот „Млад земјоделец“ што беше одлична можност за младите да започнат со производство и сопствен земјоделски бизнис. 

ВМРО-ДПМНЕ спроведе и мерка за вработување на млади лица до 29 години, која отвори илјадници работни места. Освен тоа ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои инвестираа во подобро образование што доведе до квалитетен кадар за работа со што големите компании се сконцентрираа на вработување на младите, со што се намали огромната невработеност која беше наследена токму од партијата на Стефан Богоев“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

 

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе