РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Место да го менува Зврлевски, СДС треба да носи одлуки за покачување на плати и пензии

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на постапката на Владата за реазрешување на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски и велат дека СДСМ на првите седници треба да носи одлуки за покачување на плати и пензии. 

“Трагично за државата е што СДС на своите први седници на  Влада наместо да донесе одлука за покачување на плати и пензии, зголемување на субвенции,  мерки и проекти за отворање на нови работни места или донесување на нови инвестиции, носи одлука за разрешување на Републичкиот јавен обвинител. Граѓаните видоа како Зоран Заев бара мито по познатата формула „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ и ниту  една смена на обвинител нема да му помогне да ги убеди дека тој не сторил криминал. Заев е исплашен од кривичната одговорнст и се надева дека преку најавите за смени на Јавниот обвинител и реизборот на судии ќе ги исплаши оние кои треба да ја разгледуваат неговата вина. Граѓаните видоа и слушнаа како самиот Заев барајќи мито од струмичкиот бизнисмен кој е оштетен во случајот поткуп, вели дека мито за потпишување на решение за легализација е стандардна пракса во неговата општина и дека сите така си плаќале. Заев без грам срам и без тронка морал во својата прва изјава како Премиер најави, а на втората седница на Влада донесе одлука за покренување постапка за разрешување на Републичкиот Јавен  Обвинител.Зоран Заев со своите постапки покажува дека највисок приоритет му е да се спаси од кривичен прогон а ветувањата кон граѓаните се од второстепено значење”, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе