Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Манипулциите на СДСМ околу референдумот се обид да се прикрие грабежот што се одвива во моментов

СДСМ загази во криминал и сите манипулации околу референдумот и партиските преговори се само обид да се покрие грабежот што се одвива во моментов. Додека граѓаните се вознемирени дали ќе биде распишан референдум и дали тој ќе биде задолжителен или консултативен, Зоран Заев дава монопол и 35 милиони евра на фирма која постои еден месец и е единствена која конкурирала, реагираат од опозициската партија. 

„Додека граѓаните се во дилема околу двосмисленото прашање што се предлага, Зоран Заев фрла 350 000 евра за мебел и кујни во МЕПСО.
Додека граѓаните се грижат за составот на државната изборна комисија што треба да го реализира референдумот и да гарантира фер гласање, Заев дели 10 милиони евра на фирми на Кочо Анѓушев, Хари Локвенец и други сопартијци и послушници, претставувајќи ги како иноватори. Зоран Заев и владеачкото мнозинство по секоја цена сакаат да го реализираат штетниот и капитулантски договор со Грција“, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Со погазување на Уставот и законите Зоран Заев и СДСМ на најбрутален начин го газат достоинството на Македонија и македонските граѓани, дополнуваат од партијата. 

„Обидот да се измени Изборниот законик со мнозинство од 61 пратеник без било каква консултација со експертите и опозицијата говори за фрустрациите на Заев. Никој во досегашната парламентарна историја не се обидел да ги заобиколи демократските принципи кои се градени од сите релевантни политички партии со децении наназад. Огромното мнозинство на граѓаните на Република Македонија даваат поддршка на европските и западни вредности, но никако не даваат на овие катастрофални и погубни политки водени од Зоран Заев“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Реформите и желбата за промени во општеството се она што треба да го направи оваа неспособна власт.

„Договорот со Грција не е добар. Тој во ниту еден случај не го гарантира македонскиот идентитет. Со овој договор се брише името Република Македонија, македонската историја, традиција и култура.
На уцените на Зоран Заев кон македонскиот народ им нема крај. Со манипулации во јавноста сакаат да прикажат дека оној кој што е против штетниот и капитулантски договор е против евроатланската интеграција на Република Македонија“, завршуваат од опозициската партија. 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе