Централен комитет

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против 200 лица, членови на избирачки одбори за груб фалсификат на референдумот

Против членови на избирачките одбори и вработени во МВР во општините Струга, Кичево, Центар Жупа, Желино, Пласница, Боговиње и Сарај утре ќе бидат поднесени кривични пријави за нерегуларности во спроведувањето на референдумот. Се работи за повеќе од 200 лица, изјави вечерва Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ по одржувањетона редовната седница на Централниот комитет на партијата.

Овие лица, смета партијата, сториле шест кривични дела - злоупотреба на службена должност, изборна измама, повреда на тајноста на гласањето...

Николовски рече дека ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди вчерашните заклучоци на ИК за разрешување на јавниот обвинител, избор на нов јавен обвинител на предлог на опозицијата, за формирање собраниска анкетна комисија која ќе го испитува грубото и насилно фалсификување на желбата на граѓаните на референдумот кој партијата не го признава.

Партијата смета дека пред, за време и по референдумот направен е груб фалсификат. Во однос на евентуалните избори неопходно е почитувањето на одредбите од законите за Влада и за  избори, примена на пржинскиот модел и мандат на новата Влада од 100 дена, рече Николовски.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на општински изборни штабови. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе