ВМРО-ДПМНЕ: Како опозиција СДСМ едно зборуваа, а сега како власт без проблем ја задолжуваат државата

Владата на СДС упорно продолжува да ја задолжува Република Македонија со издавање на државни хартии од вредност чин кој до пред неколку месеци СДС го оценуваше како тежок криминал, па дури им се закануваше на заинтересираните банки. СДС тогаш со помош на нивните медиумски мегафони креваа паника и хистерија, а денес истите премолчуваат и одобруваат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е лицемерието на СДС. Додека се во опозиција едно говорат, ветуваат, а кога ќе дојдат на власт сосема трето прават. Без тронка срам владата на СДС има испланирано до крајот на годината освен тековните задолжувања да го зголемат долгот за дополнителни 150 милиони евра. Досега владата на СДС само по основ на овие аукции се задолжи 70-тина милиони евра. Последната аукција изнесуваше 10,6 милиони евра од која само 227 илјади евра ќе се вратат како отплата на доспеан долг, а остатокот е чист долг на грбот на граѓаните. Владата на СДС молчи, не кажа ниту за што ќе се искористат овие пари, дали со нив ќе се прави некој пат, некоја канализација, некое училиште, градинка или болница. Напротив, средствата за ваквите проекти во ребалансот тие безмилосно ги кратат“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе