ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира работата на Собранието, бараат ослободување на притворените пратениците

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието и на собраниските тела сѐ додека не се ослободат од притвор пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.

Горан Манојлоски

„Во моментов СДСМ е владејачко мнозинство и тие имаат должност да ги обезбедат сите услови за непречено функционирање на Собранието. Сметам дека во овој момент кога 12 отсто од нашата пратеничка група, односно шест пратеници се во притвор нема соодветни услови за ние соодветно да партиципираме во работата на Парламентот“, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски.

Тој рече дека според нивни неофицијални податоци, пратеникот Мукоски веќе една недела штрајкува со глад во затворот во истражниот затвор во Шуто Оризари  оти му е влошена здравствената состојба. Тој додаде дека за кршењето на човековите права на лицата засегнати во настаните од 27 април ги информирале претставниците на меѓународната заедница.

Шесте пратеници се дел од 36 лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за тероризам и загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со насилствата во Собранието од 27 април годинава.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе