Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Иницијатива за референдум за договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕдо Собранието на Република Македонија ќе поднесе предлог за организирање референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија, изјави Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ.

Oд потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија

Оваа партија смета дека Владата на СДСМ во нетранспарентен процес го склучи овој договор.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека пред изјаснувањето за овој договор од страна на пратениците, правилно е да се слушне мислењето на граѓаните.

„Имајќи ја предвид важноста на овој договор, отстапките направени во него од страна на власта во Македонија, и последиците кои ќе бидат долгорочни и поприлично ќе го надминат векот на постоење на оваа влада, демократски е, и би рекле највисок демократски и морален  чин е да се даде можност за изјаснување од страна на сите граѓани на Македонија, пред членовите на парламентот да го усвојат овој меѓународоен договор, и тој да стане валиден“, рече Димков.

Во Бугарија овој договор се ратификува од сите партии и пратеници на нивниот парламент.  „ВМРО-ДПМНЕ  има сериозни забелешки на неколку членови од договорот, а најконкретно во деловите со кои декларирајќи постоење на заедничка историја се предвидува и создавање меѓудржавна комисија која ќе ги дискутира промените на учебниците по историја во Македонија. За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е откажувањето од македонското малцинство во Бугарија, а непотребно е повторно прифаќање на именувањето на нашиот македонски јазик, како јазик од Уставот на Македонија, дефиниција која не постои во ниту еден друг договор на Македонија и Бугарија со која било земја во светот, и очигледната намера преку оваа формулација за непризнавање на македонскиот јазик“, рече Димков.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе