РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат што направивме ние, а што СДС

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев сега ја води Владата и има одговорност да ги реализира ветувањета што им ги дал на граѓаните кои од него очекуваат да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО без да задира во идентитетските прашања и без да прави штетни договори на грбот на македонскиот народ. Граѓаните гледаат и знаат што направи ВМРО-ДПМНЕ, а што СДСМ, се вели во реакцијата. 

“Зоран Заев сега ја води владата на Република Македонија и има одговорност да ги реализира ветувањата што им ги даваше на граѓаните. Граѓаните од него очекуваат да ја внесе Република Македонија во ЕУ и НАТО без да задира во идентитетските прашања и без да прави штетни договори на грбот на македонскиот народ. Секој ладен туш и секој неуспех на Заев во реализација на ветувањата е ладен туш и неуспех за државата. Обидот на СДС да глуми опозиција, да измислува оправдувања и да дефокусира пласирајќи лажни вести и лажни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ не им помага на граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше прва Влада во Република Македонија која успеа да ја приближи државата до конечната цел - станување полноправен член на ЕУ и НАТО. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби целосна препорака за отпочнување на преговори за членство во ЕУ во 2009-тата година и беше пред портите на НАТО на самитот во 2008-ма година, кога од општо познати причини остана надвор од структурите на организацијата, иако ги има исполнето сите критериуми за влез”, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

          

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе