ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат одговори, Заев да излезе на дебата со Мицкоски

СДСМ и Зоран Заев се целосно неспособни да ја управуваат државата. Продажбата на името и идентитетот тоа нема да го смени. Прифаќањето на грчките црвени линии нема да помогне да се достигнат европските стандарди. СДСМ удри на крадење и задолжување на државата, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Работите им бегаат од контрола. Власта вчера како најголем успех и достигнување го презентираше пронаоѓањето и чистењето на пелени од страна на Петре Шилегов, кој ангажираше цела армија, полиција, противпожарна единица на Скопје и болнички возила за пронаѓање на стари пелени кои смрдат во стан. Трагедијата да биде поголема презентираше и снимки од успехот.

Во зоолошка слободно се штетаат крокодили надвор од нивните кафези, а власта се правда дека тоа било нормално бидејќи крокодилите биле во пубертет. Добро е што не станале полнолетни па да почне и надвор од зоолошка сами да излегуваат.

Заев ја лаже јавноста дека дневно 23 часа одговара на пораки.

Градоначалници се фалат дека прислушуваат, додека Заев ветува 100 евра за глас со кои ќе се откажете од вашите предци. Судовите не реагираат, државата е во медиумски мрак кога станува збор за големите национални прашања. Со СДСМ на власт државата е комплетно на  колена.

Власта е нефункционална и не може да ги извршува ниту основните потреби. И додека не си ја работат работата за која се платени од парите на граѓаните, тие  вршат кампања за промоција на капитулантскиот договор кој го потпишаа со Грција, во  која Република Македонија е оштетена страна, со кој го губиме институциналниот идентитет, историјата, културата и традицијата.

Свесни за штетноста на договорот и неговата целосна асиметричност ги кријат од граѓаните и уставните амандмани кои ги добија во вид на нон пејпер од грчката влада.

Наместо да бегаат од дебата за суштинските прашања, Заев треба да се охрабри и да излезе на дебата со Христијан Мицкоски. Граѓаните очекуваат одговори. Заев не смее да бега. Тоа не е демократски, тоа е кукавички“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое воедно се повикуваат граѓаните на голем протестен марш в недела во 13 часот во Охрид.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе