Реакција

ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев да се охрабри и да излезе на дебата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на говорот на премиерот Зоран Заев на маршот „За европска Македонија” и го повика Заев да се охрабри и да излезе на дебата, како и дека не е храброст да го промениш името, идентитетот, Уставот и јазикот на Македонија, туку кулавичлук. 

„Зоран Заев ги повторува истите лаги секаде, а нема аргументи за губењето на институционалниот идентитет, македонската култура, историја и традиција.

Срамно и скандалозно е премиер на држава како Македонија да зборува дека му треба камшикар за да го среди македонскиот народ. Таквиот став е директна навреда и потценување за македонскиот народ. Ниту некој го камшикувал, ниту некој ќе го камшикува македонскиот народ, ниту во минатото, ниту тоа ќе биде случај во иднината.

Зоран Заев во недостиг на аргументи за договорот со Грција бега од дебата за истиот, знаејќи дека нема како да ги одбрани продавањето на државните и националните интереси”, пишува во реакцијата.

Договорот, според партијата, е капитулантски, „со него се откажуваме со сите Македонци и од се што е македонско и затоа за ВМРО-ДПМНЕ овој договор ниту е, ниту ќе биде прифатлив”.

 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе