По случувањата во Центар

ВМРО-ДПМНЕ: Ги спасивме црквата и градинката

Заедно со народот успеавме да надвладее разумот, успеавме да го спречиме градоначалникот Андреј Жерновски и СДСМ да ги донесе неразумните одлуки за поништување на урбанистичките планови со кои одлуки меѓу другото се пропишуваше црквата Св. Елена и Константин да стане дивоградба и да може да се руши, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Успеавме да победи уставноста и законитоста и да не дозволиме противуставно и противзаконски да се донесат вакви одлуки кои не се базирани на правото и правниот поредок и немаат никаква правна основа. Успеавме да ја спасиме градинката, успеавме таа повторно да се вметне во буџетот и да почне да се гради за да може да се оствари интересот на народот, а децата да имаат градинка“, стои во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и најавија дека нема да се откажат и ќе продолжат со напорите за реализација на планот за изградба на училиште, кое Жерновски го одложи.

„Се докажа дека со вистински намери, со поддршка на народот, со чесен и одговорен пристап може да се успее. Благодариме на сите граѓани кои ни дадоа поддршка, нашиот успех е заеднички, успехот е за граѓаните и затоа тој успех е поголем“, стои во соопштението.

Денеска на седница на Советот на скопската општина Центар, советникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Сашо Трпески поднесе амандман со кој се бараше ставката на Буџетот „Рушење на објекти“ која изнесува 20 милиони денари да се намали на 14,6 милиони денари. Со намалувањето на оваа ставка ќе се овозможеше зголемување на ставката Изградба на ново основно училиште. Со овој амандман, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара промени и во ставката „Набавка или нова изградба на деловни објекти“ од нула денари да се зголеми на 5,4 милиони денари. Советничката група на СДСМ со 12 гласови против, го отфрли овој амандман.

 

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе