ВМРО-ДПМНЕ: Две фирми пред затворање добиле грант од Фондот за иновации

Фондот за иновации пари им доделил 201.143 евра на две фирми што се во постапка на бришење и затворање во Централниот регистар по член 552, рече денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

„Фирмата Омега рисрч ДООЕЛ Скопје, каде што се јавува извесна млада девојка што веќе добила грант од Агенцијата за вработување претходно да ја основа фирмата, добива грант за проект за исклучителна иновација во областа на жива и органска козметика за нега на кожа, базирана на иновативна биотехнологија и Фондот за иновации за ова им доделува помош од 11.180.260 денари или 182.000 евра. Интересно е што фирмата нема ниту еден вработен, нема вработени и е во постапка на бришење, а самата фирма треба да инвестира 4.791.540 денари или 78.000 евра“, рече Арсовски.

Втората фирма, според Арсовски, која е во постапка на затворање и бришење е фирмата „Мобидониа“ ДООЕЛ од Неготино, која треба да биде креатор на админ-панели, добила грант од Фондот во висина од 1.190.084 денари или 20.000 евра, а самата фирма треба да инвестира 520.000 денари.

„Како е можно фирма која е пред бришење и затворање да добие грант од 20.000 евра и да инвестира самата уште 8.500 евра? Вакво нешто до сега во работењето на трговските друштва и компаниите не е познато“, рече Арсовски и го повика Јавното обвинителство уште веднаш да го земе предвид и овој факт за доделување на грантовите.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе