Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Бугарија предизвика низа од антимакедонски ставови во Софија

Последиците од договорот за добрососедство со Бугарија, јавноста веќе може да ги види. Во низа се редат антимакедонските ставови кои доаѓаат од високи општествени и политички дејци од Бугарија со кои се погазува и негира македонскиот идентитет, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Последната доаѓа од Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик од Софија која ја оспорува засебноста на македонскиот литературен јазик и која вели дека македонски јазик не постои, јазикот е измислен и дека е западно бугарски дијалект. Сето ова е резултат на штетниот договор што Зоран Заев го потпиша во кој Македонија и Бугарија немаат рамноправна положба и со кој македонскиот јазик наместо реалност се сведе на уставна категорија. Да биде уште посериозно, изјавите на Кочева речиси во целост се поклопуваат со изјавите на Мирослав Грчев, висок партиски функционер на СДС, кој тврди дека македонската држава, македонската нација и македонскиот јазик се измислени од страна на Југославија. Негаторските изјави на функционери на СДС и антимакедонисти во Бугарија се на иста линија и се само потврда дека договорот за наводно добрососедство со Бугарија е само етапа до крајната цел на Заев за редефинирање на Македонија, менување на името и нејзино претворање на држава без историја, и создавање на јазик и народ без корен“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

               

 

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе