ПО АНКЕТАТА НА ТЕЛМА

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Да ги расчистиме дилемите на предвремени парламентарни избори

Во врска со анкетата која што Телевизија Телма ја објави во соработка со М-Проспект и МЦМС, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува СДСМ и Зоран Заев да се охрабрат и да излезат и на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе кажат што мислат за расипничкото и неодговорно владеење на СДС, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата по објавената анкета.

„Само така ќе се расчистат дилемите, односно забуните кои се создадоа, бидејќи денес беше објавена истата оваа анкета, изработена од истите луѓе пред само еден месец која покажала сосема други резултати. 

Според Анкетата од крајот на месец јули, резултатите од МЦСМ покажале дека ВМРО-ДПМНЕ e со стабилна предност пред СДСМ. Имено, на прашањето Доколку утре се одржат избори за која партија би гласале, 27,1 отсто од испитаниците се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 22,7 отсто. 

Народот најдобро ќе каже дали се случило нешто во последните 30 дена за така драстично да се смени мислењето, односно дали законот за двојазичност, договорот со Бугарија, укинувањето на планираното покачување на пензиите или тендерите кои Кочо Анѓушев си ги дели себе си придонеле за зголемување на рејтингот на Зоран Заев“, стои во соопштението.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе