Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Буџет за раасипништвото на Заев, а не за граѓаните

Новиот Буџет за 2018 година е најголемиот досега. Лагите се ставени и на хартија, а пратениците на СДСМ ќе ги гласаат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Пари за патни трошоци и расипништво на Заев и неговите функционери ќе има како никогаш досега, но ќе нема пари за повисоки плати на полицијата. Пари за стоки и услуги ќе има како никогаш досега, но затоа ќе нема ослободување од даноци на ситните земјоделци кои ќе плаќаат и повисоки акцизи.

Повеќе пари за невладините организации ќе има, но затоа ќе нема пари за проектите со кои Заев ги лажеше граѓаните само да го добие нивниот глас. СДС на граѓаните над 65 годишна возраст им вети пензија проект доколку живееле над 20 години во Македонија. Во Буџетот за 2018 таков проект не е предвиден.

Неодговорниот Зоран Заев ги излажа овие граѓани кои се надеваа дека од државата ќе добијат државна пензија, а не го оствариле правото на пензија преку стаж. СДС и Зоран Заев ветуваа живот за сите, а граѓаните гледаат само живот за Заев, Вице, Анѓушев и криминалниот клан околу нив. Граѓаните гледаат дека власта бескрупулозно се злоупотребува само за богатење на криминогената врхушка на СДС и фирмите кои ја помагале партијата.

Лагите на СДС се гледаат и веќе не можат да поминат. Откако Заев ќе замине од власт, ќе се врати правдата, а сите што сториле криминал ќе одговараат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе