Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев е сигурен во Договорот со Грција, зошто референдумското прашање го меша со ЕУ и НАТО?

Доколку договорот со Грција беше навистина добар и го гарантираше македонскиот идентитет, Зоран Заев немаше да се двоуми и ќе го ставеше истиот на референдум без дополнителни прашања кои може да ги доведат во заблуда граѓаните. Доколку договорот беше историски успех за Македонија, Зоран Заев немаше да има дилеми да ги додава во референдумското прашање и ЕУ и НАТО, злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните кон нашите меѓународни партнери, реагира, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на можното референдумско прашање.

„Договорот е штетен! Со него се брише името Република Македонија, македонската историја, традиција и култура. Затоа Заев измислува трикови како да го измами народот за ги оправда антидржавните политики со кои ја покрива неспособноста и расипништвото.

Зоран Заев и владеачкото мнозинство не бираат средства за да го реализираат штетниот и капитулантски договор. Тие сега го уценуваат сопствениот народ и манипулираат со јавноста со двосмислени и тросмислени прашања сакајќи да прикажат дека оној кој што е против штетниот и капитулантски договор е против евроатланската интеграција на Република Македонија. Граѓаните ги поддржуваат европските и западни вредности, но не ги прифаќаат штетните и погрешни политики и договори од криминалниот картел на чело со Зоран Заев.

Токму затоа Заев се обидува погазувајќи Устав, закони, политички принципи да дојде до својата цел, а тоа е да го згази во целост достоинството на Македонија и македонските граѓани. Последен доказ за тоа е срамниот обид да се измени Изборниот законик со мнозинство од 61 пратеник без било каква консултација со експертите и опозицијата. Тоа само говори за апсолутистичкото лице на Заев кој со години вешто и лицемерно го криеше од граѓаните.

Оттука ВМРО-ДПМНЕ принципиелно стои на ставот дека условите кои еднаш важеле за избори треба да важат и сега. Почитување на пржинскиот концепт на техничка влада пред избори е единствен начин како граѓаните ќе можат непречено да ја искажат својата волја. ВМРО-ДПМНЕ бара почитување на концептот за финансирање на политичките партии кој веќе беше договорен“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија ќе победи.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе