ВМРО-ДПМНЕ: Ако е непотребен, СДС може да го продаде „мерцедесот“

„Состојбата во која што се наоѓа блиндираниот „мерцедес“ најдобро покажува како СДС се грижи за државниот имот. Токму владиното мнозинство го води Министерството за внатрешни работи скоро цела година и нивна е одговорноста за состојбата во која што се наоѓа возилото“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција во МВР кога министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра.

Од партијата додаваат дека „нивна е одговорноста дали во вакво возило би ги превезувале високите делегации кои би доаѓале во Македонија, а кои се обезбедуваат со прв, втор и трет степен безбедносни мерки.“

„Доколку СДС смета дека мерцедесот е непотребен, може да го продаде. Ваквите возила не губат на вредност доколку се добро одржувани,“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се додава и листа на гости кои досега го користеле „мерцедесот“, а помеѓу нив се претседатели, премиери, министри од други држави.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на проектите кои ги направиле за потребите на полицијата, набавката на нови возила, реновирањето на полициски станици, набавката на нови форензички лаборатории.

„ВМРО-ДПМНЕ додека раководеше со МВР имаше со што да излезе пред јавноста, затоа што беа реализирани стотици проекти кои значеа подобрување на условите за работа на полициските службеници што резултираше со зголемена ефикасност и десетици успешни акции за сузбивање на криминалот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе