Величковски и Милетиќ не ја дружат здружената опозиција

Ивон Величковски, претседателот на Либералната партија, и Драгиша Милетиќ, претседателот на Српската напредна странка, коалициски партнери во Сојузот за иднината, денеска не се појавија на коалициската конвенција во Куманово.

Се намалува бројот на приврзаниците на отпорот

Партијата на Милетиќ го кандидираше Стевче Јакимовски за градоначалник на Карпош и покрај одлуката за бојкот на опозицијата, што во СДСМ е протолкувано како предавнички чин. Ивон Величковски е единствениот пратеник од опозицијата што не ја депонирал оставката од пратеничкото место. Во оваа партија, како што пишуваа некои медиуми, веќе прават пресметки колку нивни луѓе ќе влезат во Собранието ако опозиционерите го реализираат тоа што веќе подолго време го ветуваат.

Стојан Андов, почесниот претседател на Либералната партија, за само неколку дена двапати го повика Бранко Црвенковски да се повлече од лидерската позиција во СДСМ.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе