НЕМА СОГЛАСНОСТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ

Утре политичките партии на Албанците на заеднички состанок за формирање нова влада

Утре во хотелот Арка во Скопје ќе се одржи заедничка средба на претставници на политичките партии на Албанците во Македонија. Во Арка ќе се разговара за сите опции за формирање на нова влада.

Оваа средба денеска ја најави Зијадин Села, претседателот на коалицијата Алијанса за Албанците, откако изјави дека предлозите на СДСМ за употреба на албанскиот јазик се неприфатливи. Тој повтори дека неговата партија, Движењето за реформи на ДПА, останува на ставот за целосно официјализирање на албанскиот јазик.

СДСМ и ДУИ сѐ уште се без договор за формирање на собраниско мнозинство и нова влада.

Од последната средба на партиите на Албанците во Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците, произлезе т.н. платформа на Албанците во која се бара двојазичност на цела територија на Македонија, промена на државните симболи, усвојување на собраниска декларација за осуда на геноцидот на Албанците во периодот од 1912 до 1956 година...      

Средбата ќе се одржи утре од 13 часот во хотел Арка во Скопје.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе