РЕАКЦИЈА

ТМРО: Таканаречена албанска платформа е уцена до македонскиот народ

ТМРО ги повика сите политички партии на Македонците, но и останатите да ја отфрлат Заедничката платформа на албанските политички партии. 

„Таканаречената Албанска политичка платформа за учество во сегашна или идна македонска влада, за ТМРО е уцена до македонскиот народ и македонската држава со јасна провокативна божиќна порака, или двојазична федерација или војна. Дадените политички координати од Тирана го отвараат и правото на реципроцитет помеѓу овие две држави за малцинствата, соопшти партијата.

ТМРО, како што стои во изјавата од претседателот на партијата Ванчо Шехтански,  смета дека впуштање во какви било политички калкулации со ваква платформа од која било македонска партија е национално предавство.

„Ваквиот ултиматум ,со заедничка платформа од сите политички претставници и на Македонците, но и на Ромите, Турците, Власите, Бошњаците,треба веднаш да се отфрли, со оглед на неговиот антиуставен карактер, кој ја негира унитарноста на Република Македонија“, вели Шехтански.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе