Реакција

ТМРО: Сега Шилегов треба да го отстрани и споменикот на УЧК во Чаир

Сега Петре Шилегов треба да постапи по одлуката од февруари 2016, која Коце Трајановски не сакаше да ја спроведе и веднаш да го отстрани споменикот на УЧК, кој е дивоградба во Чаир и кој градските власти мора да го отстранат затоа што општина Чаир нема донесено таква поединечна одлука, соопшти ТМРО.

„Второто прашање е зошто претходната власт не ги легализираше спомениците во централното подрачје, иако ако сакаше тоа во секое време можеше да го стори. Ваквиот политички спин, личи на свесно давање алиби на сегашната номенклатура да ги отстрани сите нелегални градби, Ќосето, Филип, Александар... кои случајно се и дел од пакетот грчки барања“, вели Ванчо Шехтански, претседателот на ТМРО.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе