Реакција

Таравари: Како е можно Заев и Груевски да немаат ништо заедничко освен ДУИ?

Kако е можно од претходната влст само ВМРО-ДПМНЕ да се товари за криминал, а ДУИ да се амнестира, напиша на својот фејсбук-профил Арбен Таравари, поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар од партијата на Зијадин Села.

Таравари во својот подолг пост ги коментира случувањата во владината коалиција и сѐ поизвесното излегување на Алијансата за Албанците од владината коалиција.

„Овие недели се крена прашина за Алијансата, провокативна и искрена дилема: да се остане во Владата или не.

Со право прашуваат Албанците што поверуваа во реформаторот Заев и се најдоа себеси во стапицата на Груевски, кој ги третираше Aлбанците само како помошни бројки, а не како рамноправна страна. Тие со нетрпение реторички ги прашуваат оние што не сакаат Алијансата да им чепка во нивната удобност во Владата - кој е комотен во владата?

Нормално ДУИ, откако многу години не ја дава власта, затоа што е силно зафатена со фотелјите, понекогаш заслужени, но често пати узурпирани. За ДУИ воопшто не е комотно ако покрај себе има некој што ќе ја мониторира нивната работа вo Владата. ДУИ не е навикната да има Албанци во власта кои се чувствуваат рамноправни со другите и што сакаат да работат чесно!

ДУИ ја бара старата формула. Но, како што изгледа, работата е во тоа и Заев дава сигнали на една стара политика под превезот на наводната политичко-емоционална реформа! Тој одвреме-навреме зборува албански – така правеше и Груевски! Тој вели дека Aлбанците треба да бидат дел од државата – така правеше и Груевски! Тој одлучува за Aлбанците со Mакедонците – така правеше и Груевски! Тој ја држи ДУИ нереформирана како владин партнер – така правеше и Груевски!

Единствениот трн кој не му излегува е присуството на Алијансата за Албанците во владата! Ова е нешто ново, особено за ДУИ!

Заев ја реформира владата, го крена гласот и ги осуди „криминалните јаки“, но зачудувачки е што ДУИ, „вратоврската“ во владата на Груевски, остана недопрена! Како може една партија што го следеше Груевски во целиот негов режим да стане толку невина?!

Има две алтернативи: или била марионета и не направила ништо или соработуваше со тогашната влада! И во двата случаи тоа е криминал, бидејќи ДУИ требало да соработува со криминалот или да зема плата за џабе! Каде се реформите во ДУИ?!

Албанците ја казнија, правдата сега мора да ја заврши својата работа, инаку 60% од Албанците кои се претставувани од Алијансата и од Беса ќе се почувствуваат повторно предадени од „реформистичката“ заевистичка влада! Премиерот треба да знае дека Албанците треба да имаат свој глас, гласот што самите го одбрале, а не глас кој игра како што свират од македонската страна.

Зачудувачки, ДУИ е партијата која ги поврзува Заев и Груевски, а овие двајца немаат ништо заедничко, освен нивната етничка припадност и ДУИ“, напиша Таравари. 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе