ПО ВЧЕРАШНАТА СРЕДБА ГРУЕВСКИ - АХМЕТИ

Списокот на ДУИ е готов, пазарот почнува!

По вчерашната средба меѓу лидерите на победничките партии на предвремените парламентрани избори, од Демократската унија за интеграција веќе го објавија списокот на нивните членови кои ќе учествиваат во разговорите на работните групи за состав на новата влада. А за време на митинзите го кажаа и списокот на барања со кои ќе настапат во преговорите за состанот на новаата извршна власт.

Според ДУИ тоа ќе бидат Абдулаким Адеми како координатор, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети, Бујар Османи, Аднан Јашари и Артан Груби.

Ако се оди според она што ветуваше за време на кампањата, Али Ахмети на масата за преговори со Груевски ќе го стави следниов список.
Претседател Албанец на Собранието на Република Македонија. Ќе се бара и човек на ДУИ да биде прв човек на некои од поважните владини ресори – дипломатија, полиција, одбрана или министерството за финансии (а може и директор на УЈП). Освен тоа, ДУИ се почесто заговара и уставни измени за употребата на албанскиот јазик на ниво на цела држава. Целата приказан околу предвремените парламентарните избори почна со предлогот на ДУИ за консензуален претседател и измени во Изборниот законик за избор на претседател на државата во Собранието на Република Македонија. И ова барање, кое ВМРО-ДПМНЕ не го прифати и се отиде на избори, ќе биде дел од списокот на ДУИ.

За дел од овие барања, на митинзите ВМРО-ДПМНЕ веќе одговори дека се непринципиелни.

Веднаш по завршувањето на изборите Али Ахмети во неколку наврати повтори дека евентуалната одлука на ВМРО-ДПМНЕ да не коалицира со ДУИ, туку да го повика Мендух Тачи, лидерот на ДПА во новата Влада, ќе значи дестабилизација на земјава. За ДУИ исто така сосема неприфатливо е доколку Груевски ги повика двете албански партии, и ДУИ и ДПА во Владата.

Ахмети го одреди својот дрим тим за преговори со ВМРО-ДПМНЕ. Се чека на списокот на Груевски за работните групи и – пазарот почнува!

А.Д. 

Објавено на

01 Мај 2014 - 14:23

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе