По одлуките за притвор за настаните на 27 април

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и Гевгелија ја бојкотираат работата во општините

Во Штип и Гевгелија денешните седници на советите на општините се одржаа без советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Со скандирање „Македонија" и „Македонија е вечна", облечени во маички на кој пишува „И јас сум терорист" единасетте советници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Штип ја напуштија денешната седница. И во Гевгелија советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За заедничка Македонија не присуствуваа на седницата на Советот.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотираат седниците на општините низ државата, во знак на револт за „политичкиот прогон кој власта на СДСМ го прави кон оние кои не мислат исто како неа“, односно за притворените за настаните на 27 април. Тие велат дека Сашо Василевски, Игор Дурловски, Горан Ангелов, Богдан Илиевски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Борис Дамовски и останатите притворени не се терористи.

Претходно и советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Струмица, Ѓорче Петров, Вевчани и Берово изјавија дека нема да учествуваат во работата на општините.

 

 

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе

Настрана од прашањето околу името, зачленувањето во НАТО ќе има реперкусии по нашиот животен стандард, реперкусии кои не смееме да ги занемариме, реперкусии поради кои ниту под уставното име не треба да прифатиме зачленување во НАТО.

повеќе