МОСКВА

Соопштение на Единствена Русија, партијата на Путин: Можен е квалитетен скок во односите меѓу Русија и Македонија

Развојот на политичката, економската и културната соработка, како и важноста на зачувувањето и јакнењето на духовните врски меѓу Русија и Македонија беа теми на разговорите на заменик-секретарот на Генералниот совет на партијата Единствена Русија, Сергеј Жељезнак со делегација на македонски парламентарни политички партии, ГРОМ и Демократската партија на Србите во Македонија.

„Русија и Македонија ги обединуваат заедничките духовни вредности, заедничката православна и словенската традиција. Нашите народи со векови се тесно поврзани со историски и културни корени", рече Жељезнак.

„Со длабока загриженост ги гледаме сите обиди за директен притисок од надвор и обидите за мешање во внатрешните работи на суверена Македонија, промени на националниот идентитет, името на државата, Уставот, системот на државата и националните симболи. Сето ова е направено со цел да се трансформира Македонија во протекторат на НАТО против волјата на поголемиот дел од своите граѓани. Таквите активности не само што ја дестабилизираат политичката ситуација во Македонија, туку имаат негативно влијание врз безбедноста и стабилноста во целиот балкански регион", рече Жељезнак за време на средбата.

„Ние ја почитуваме борбата на патриотските сили на Македонија против секој обид за промена на власта, на името и на националните симболи на земјата против интересот на македонскиот народ", рече Жељезнак.

Стевчо Јакимовски ја истакна потребата за развој на дијалогот меѓу партиите за клучните прашања во политиката, економијата, хуманитарните прашања и за младинска соработка и интеракција на општинско ниво, пишува на интернет страницата на Единствена Русија.

„Има огромен потенцијал во трговските односи меѓу двете земји утврдени со проширување на извозот на македонските земјоделски производи", рече тој.

„За развој на нашите трговски односи, постои добра економска платформа, бидејќи Македонија не ги прифати санкциите против Русија. Во мај, македонската страна го покрена прашањето за можноста за склучување на договор за слободна трговија со Евроазиската економска унија. Во исто време, развојот на односите со ЕЗАЕ не поставува никакви услови во однос на интеракцијата на Македонија со ЕУ“, вели Жељезнак.

Двете страни ја разгледаа и иницијативата за создавање балканска царинска унија и продолжувањето на слободната трговија со Русија.

Учесниците разговараа и ја поддржаа идејата за формирање на постојан форум на Македонија и Русија (Форум МиР), како отворена платформа за дискусија со учество на политички партии, невладини организации, експерти, бизнисмени...

„Мислам дека Форумот ќе предизвика голем интерес во нашите земји и ќе биде добра основа за долгорочни проекти во насока на развој на добрососедските руско-македонски односи", рече Жељезнак.

Ер.ру

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе