СДСМ

Шилегов: Уставниот суд ја призна вината на ВМРО-ДПМНЕ за изборните измами

Одлуката на Уставниот суд да ја прифати иницијативата претседателот да може да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, всушност значи дека Никола Груевски ја призна вината на своите најблиски соработници за изборните измами, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Петре Шилегов

„Изборните грабежи и партизираните институции беа главните причини за политичката криза. Дали ваквата одлука на Уставен суд се носи со намера да се заштити Никола Груевски? Највисоките претставници на партијата на власт се веќе осомничени за злостроничко здружување за изборна измама. Тоа е потврдено и од Специјалното јавно обвинителство со покренатите постапки. Очигледно е дека некој во врвот на ВМРО-ДПМНЕ многу добро знае за што се покренати постапките. Затоа Груевски мора да се изјасни дали тоа е правено по негов налог. Затоа Никола Груевски се плаши од правдата“, изјави Шилегов и предупреди дека СДСМ и граѓаните нема да дозволат на ваков начин да се штити изборен криминал и да се превенира нечија намера за повторен изборен грабеж. Секој што го прекрши законот ќе одговара, додаде Шилегов.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе