Коалициски прегрупирања

Села врши сериозен притисок на владината коалиција, Мемеди пред излегување од извршната власт

Полицијата им ги одзеде телефоните на пратениците Весел Мемеди и Трајко Вељаноски во врска со инцидентите во Собранието на 27 април, но ниту еден од нив не е осомничен. На партијата на Мемеди ѝ се заканува излез од владината коалиција.

Мемеди бил опфатен во рамки на истрагата за терористичко загрозување на

уставниот поредок и безбедноста на 27 април, при што полицијата извршила претрес во неговиот дом и му го одзела мобилниот телефон. Тој негираше вмешаност во крвавите настани.

По ваквиот развој на настаните и отворените несогласувања со Зијадин Села, можно е наскоро партијата на пратеникот Весел Мемеди, Национална демократска преродба (НДП), да излезе од владината коалиција.

НДП, чиј претседател е токму Мемеди, е дел од коалицијата Алијанса за Албанците (Движење за реформи на ДПА на Зијадин Села и Унитети на Гзим Острени). Алијансата има два пратеника - Села и Мемеди, кои го прават мнозинството на владината коалиција во Собранието (СДСМ - 49, ДУИ - 10 и АА -2).

Недоразбирањата на коалицијата Алијанса за Албанците почнаа за време на локалните избори. Мемеди и Острени на овие избори настапија одделно од Села.

Во вториот круг од локалните избори владината Алијанса за Албанците коалицираше со опозициската Беса. Оваа коалиција предизвика заострување на односите со ДУИ, а потоа и со СДСМ. Ова пак поттикна и меѓусебна поддршка во некои општини на ДУИ и ДПА.

Тука се вклучи и СДСМ со отворената поддршка на ДУИ во вториот изборен круг. Од друга страна пак и ВМРО-ДПМНЕ во некои општини реши да го поддржи договорот меѓу Алијансата и Беса. Ова предизвика сериозни заладувања на односите меѓу владините партнери Заев и Села.

Овие локални партиски пресметки, предизвика сериозни проблеми во владината коалиција и недоверба меѓу владините партнери. Не случајно министерсткото место за здравство веќе три месеци е празно, а веќе се разговара и за владина реконструкција.

Министер за локална самоуправа е Сухејл Фазлиу, член на НДП. И ова министерство е дел од преговорите на премиерот Зоран Заев за пополнување на испразнетите министерски места и за прераспределба на ресорите меѓу владините партнери. Но, Села е упорен неговата партија да го задржи токму министерското место за здравство.

Едното пратеничко место на Мемеди може да го наруши парламентарното мнозинство. Од друга страна одметнатиот пратеник од ГРОМ, Чедомир Саздовски, најави поддршка на владиното мнозинство, а такви најави има и од други опозициски партии.

Според добри познавачи на приликите во партиите на Албанците во Македонија, Села инсистира да остане дел од Владата, но истовремено сака да ја засили и коалицијата со опозициската Беса со цел конечно да ја победат ДУИ на следните парламентарни избори.

Се чека одговорот на Заев на целата оваа заврзлама, кој веќе неколку пати најави дека „за неколку дена“ ќе се знае името на новиот министер за здравство. Засега нема ништо од тоа. Ако е тоа Вулнет Ферати, предлогот на Алијансата за Албанците, тогаш ќе биде јасно дека Заев и Ахмети попуштиле на притисокот на Села.

А.Д.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе