СДСМ: Здравството 11 години беше на колена поради погубните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ пласира лажни вести за да го покрие деструктивното однесување за клучните прашања за иднината, во здравството се работи транспарентно и одговорно, реагира СДСМ.

Здравството 11 години беше на колена поради погубните и криминални политики токму на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години ги погазуваше правата на пациентите и го потценуваше трудот на лекарите. Владата предводена од СДСМ започна процес на рехабилитација на здравствениот систем преку кој се унапредува здравствената заштита, правата на пациентите и статусот на медицинскиот персонал.

„Фактите говорат дека Министерот за здравство нема ниту мандат ниту каква било поврзаност со овие јавни набавки за јавните установи, односно постапките се во целост децентрализирани. Јавни набавки на лекови и медицински средства за потребите на јавните здравствени установи се спроведуваат согласно потребата на секоја установа одделно. Согласно со Законот за спречување на судир на интереси, како што соопшти Министерството за здравство, преземени се сите чекори. Управниот одбор на Клиниката за хематологија со одлука и ги има одземено сите надлежности, и директорката не може да влијае во процесот на јавните набавки. Дополнително, претседателот на Управниот одбор на Хематологија е овластен како потписник во овој процес на јавни набавки, од страна на управниот одбор на Клиниката“, велат од СДСМ.

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе

Способноста за контролирање на бесот е одлика на луѓето со цврст карактер. За жал, во оваа конфузна реалност, таквите индивидуи се вистинска реткост.

повеќе