СДСМ: За три месеци 50.000 земјоделци добија субвенции

Владата уште во првите сто дена спроведе низа мерки со кои им се помага на земјоделците и се унапредува земјоделството, па така уште во првите денови беше одблокиран процесот за исплатата на субвенции и за три месеци кон 50 илјади земјоделци беа исплатени 60 милиони евра, а за истиот период беа распишани и два огласи за доделување на државно земјиште до три и над три хектари, соопшти СДСМ.

„Преку одговорно и домаќинско работење и преку кратење на непродуктивните трошоци, се обезбедија нови дополнителни 10 милиони евра за Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Со средствата од Програмите ќе се обезбеди финансиска помош од неповратни 10.000 евра за младите регистрирани земјоделци кои учествуваа во проектот „Млад земјоделец“. 25.000 производители на пченица ќе добиваат по дополнителни 6.000 денари за секој хектар засаден со пченица, а за 10 отсто ќе се зголеми поддршката за овошни и лозови насади и за градинарски и фуражни култури. Тоа значи повеќе пари за 18.000 лозари, 15.000 овоштари и 30.000 сточари“, е вели во партиското соопштение.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе