СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажни вести, Договорот е патриотски чин

ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со пласирање на лажни вести, измислици и полувистини преку коишто продолжува да работи на штета на државните и интересите на граѓаните, реагира СДСМ на изјавата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Постигнатиот Договор со Грција е патриотски чин којшто го гарантира и зајакнува македонскиот идентитет и ги отвора вратите за членство во НАТО и ЕУ.

Иако Договорот е јавно достапен за сите, ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжи со невистините. Во однос на топонимите, членот 8 став 4 од Договорот обезбедува чисто и соодветно решение согласно меѓународните стандарди. Притоа им се дава приоритет на ендонимите, наместо егзонимите и тоа важи и за двете страни. Приоритет не значи забрана.

Ист е случајот и со формирањето на Заедничкиот комитет кој ќе работи во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа, а неговото делување исто така ќе важи за двете страни подеднакво. Договорот го гарантира македонскиот идентиет, македонската посебност, македонскиот јазик”, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата порачуваат дека е време ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажните вести преку кои работи против интересите на граѓаните и интересите на држава.

 

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе