РЕАКЦИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во спортот

Владата предводена од СДСМ неселективно им помага на сите клубови, друштва и спортски работници. Додека ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на скапи ручеци, луксузни патувања, лажен барок и споменици, препознатливите спортски објекти низ државата скапуваа и се распаѓаа, традиционалните спортови беа доведени на работ на егзистенција, а спортот уназадуваше, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за новиот директор на Спортската академија.

„За разлика од таквиот селективен и игнорантски однос на ВМРО-ДПМНЕ кон спортот, Владата на Република Македонија предводена од СДСМ работи на унапредување на спортот и на статусот на спортските работници.

Владата брзо и ефикасно ги реши натрупаните проблеми околу организација на Супер купот на УЕФА и тој се одржа согласно највисоките европски стандарди, а Агенцијата за млади и спорт се отвори за спортските друштва и клубови и ја зголемува ангажираноста на младите. Наместо селективниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предовдена од СДСМ, преку владината програма подеднакво ќе вложува во сите спортски дисциплини и ќе го развива како училишниот, така и полупрофесионалниот и професионалниот спорт“, соопшти СДСМ.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе