СДСМ: Владата вистински ги помага земјоделците

За разлика од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ којашто работеше селективно и на штета на земјоделците, делејќи субвенции по партиска линија и државно обработливо земјиште по бизнис релации, сегашната влада предводена од СДСМ работи во интерес на земјоделците и парите ги насочува кон нив, соопшти СДСМ.

„Уште во првите два месеци од доаѓањето на власт, санирани се штетите направени во земјоделството од претходната власт и донесени се мерки во интерес на земјоделците и унапредување на земјоделското производство.

Обезбедена е поддршка од 10.000 евра, неповратни средства за млад земјоделец. Со тоа Владата ги помага младите регистрирани земјоделци и го поттикнува руралниот развој.

Нови 10 милиони евра се наменети за поддршка на земјоделството, а тоа се пари што ќе стигнат во рацете на овоштарите, полјоделците, лозарите сточарите со што владата директно го помага домашното производство на храна“, се вели во партиското соопштение.  

Оттаму најавуваат дека се подготвуваат прецизни планови за подобра искористеност на ИПА фондовите во земјоделството и додаваат дека од преземањето на власта досега исплатени се околу 60 милиони евра за субвенции, пари кои завршуваат во рацете на вистинските земјоделци.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе