„Со Планот за Македонија СДСМ директно ќе ги враќа парите назад кон граѓаните, со што ќе влијаеме на подобрување на нивниот животен стандард. Ќе се заложиме за зголемена енергетска ефикасност на станбените објекти. Придобивките од субвенциите за енергетска изолација се повеќекратни: 70 проценти заштеда на енергија во објектите или три пати помала сметка за струја, доколку се греете на струја! Со тоа ќе се намали и увозот на електрична енергија. Ќе се зголеми обемот на работа за фирмите што произведуваат изолациски материјали и на оние што вршат монтажа на истите. Тоа директно ќе поттикне отворање на нови работни места, со повисоки плати. Ќе се влијае и на намалување на загаденоста на воздухот.
По декември доаѓа одговорна власт којашто нема да ги фрла парите на граѓаните на раскош и луксуз, туку ќе ги следи нивните реални потреби“, изјави Манчевски.